Тиквеш го повлече дресот на Андреј Лазаров кој почина во пожарот во Кочани

Фудбалскиот клуб Тиквеш донесе одлука – дресот со број 16 засекогаш ќе биде повлечен од употреба во чест на нивниот некогашен играч, Андреј Лазаров.

Лазаров трагично го загуби животот во катастрофалниот пожар што ја зафати Кочани, при што животот го загубија 59 лица, а над 150 беа повредени.

„Неговиот придонес за успесите на нашиот клуб е немерлив. Дресот со број 16, кој тој гордо го носеше, трајно се повлекува и ќе остане во клубските простории како вечен спомен“, соопштија од Тиквеш.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *