Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги дозна противниците за квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи наредната година.
Македонија беше влечена од третиот шешир во ждрепката која се одржа денеска. Се паднавме во третата група во која се и селекциите на Германија, Словенија и Белгија.
На Европското првенство ќе се пласираат најдобрите две од секоја група како и најдобрите четири третопласирани селекции.
Leave a Reply