Родриго игра одлично во Реал Мадрид, но со доаѓањето на Мбапе оваа сезона конкуренцијата во нападот стана голема.
Најавите се дека Реал би се согласил да го продаде Родриго на лето доколку пристигне понуда повисока од 100 милиони евра.
Најсилен интерес за Бразилецот покажува Ливерпул, кој наводно е спремен да плати 100 милиони фунти за неговиот потпис.
Ливерпул веќе бара замена за Салах и верува дека Родриго би бил идеално засилување за таа позиција.
Меѓутоа, самиот фудбалер сака да остане во Реал и на „црвените“ ќе им биде тешко да го убедат да се пресели во Премиер лигата.
Leave a Reply