Димитријевиќ спремен да помогне на семејствата на повредените во Милано: Што и да треба, тука сум!

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ кој го носи дресот на Олимпија Милано понуди помош за семејствата на повредените кои се во Милано.

Дел од повредените се пренесени во болниците во Италија, некои и во Милано, а Димитријевиќ е подготвен да пружи било каква помош.

„Што и да треба во Милано, каква било помош, слободно исконтактирјате ме тука“, објави Димитријевиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *