Христо Стоичков, Борислав Михаилов и Красмир Балаков, легендите на бугарскиот фудбал преку својата фондација „Национали94“ ќе се вклучат за помошта на настраданите во пожарот во Кочани.
Преку фондацијата фудбалерите кои настапија за Бугарија на СП 1994 ќе обезбедат финансиски средства кои ќе ги донираат.
„За трагедија нема датум и време. По ова остануваат само солзи и голема болка. Ние како фондација „Национали94“ сакаме да изразиме сочувство до загинатите. Фудбалот не спријатели со луѓе од Македонија и важно е во овој момент да ја дадеме нашата поддршка“, соопштија од фондацијата.
Leave a Reply