Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена звезда Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16 април.
Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.
Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.
ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег.
Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден.
Исто така се изразува голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена звезда Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл.
Leave a Reply