Талентиран кошаркар почина во пожарот во Кочани

Меѓу трагично загинатите во катастрофалниот пожар кој избувна во една дискотека во Кочани, своето живот го загуби и кошаркарот Петар Ивановски, член на третолигашкиот клуб Дино Баскет. Во несреќата животите ги загубија вкупно 59 лица, додека над стотина се повредени.

Веста за загубата на младиот спортист беше потврдена и од редовите на Дино Баскет.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Тагата е преголема, сочуство до семејството“, соопштија од Дино баскет.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *