Медиумите од Хрватска пренесуваат дека Стефан Ристовски е пред заминување од Динамо Загреб, Македонецот не го прифатил новиот договор кој му бил понуден.
Динамо Загреб му понудил на македонскиот фудбалер намалување на годишната плата за една третина од актуелната која изнесува 700.000 евра. Но, наводно, Ристовски, не се согласил да игра во иднина за 450.000 евра годишна плата.
Ристовски ќе стане слободен агент за само неколку месеци, па веќе ја почнал потрагата по нов клуб.
Leave a Reply