Реал Мадрид ѝ се закани на Ла Лига

Шпанскиот гигант Реал Мадрид синоќа соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар без 72 часа одмор меѓу средбите.

Дуелот меѓу Вилјареал и Реал Мадрид почна вчера во 18.30 часот, а „кралевите“ претходно играа против Атлетико Мадрид во средата во реваншот од осминафиналето од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Ова е последен пат да играме два меча за само 72 часа“, кажа Анчелоти.

Реал соопшти дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпревари.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *