Гризман го напушта Атлетико

Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.

Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.

Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година, но најверојатно од клубот нема да му стојат на патот.

Французинот оваа сезона одигра 41 меч за гигантот од Мадрид и постигна 16 голови.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *