Меси се врати на терен и веднаш постигна гол за Интер Мајами (Видео)

Лионел Меси се врати на теренот во дресот на Интер Мајами и веднаш се запиша во листата на стрелците, помагајќи му на својот тим да ја потврди победата во реваншот против Кавалиер во рамките на КОНКАКАФ Купот на шампиони.

Американскиот клуб гостуваше во Јамајка и извојува важен триумф од 0:2, со што обезбеди пласман во следната фаза на натпреварувањето. Натпреварот се одигра во главниот град Кингстон, а Меси влезе во игра во второто полувреме, заменувајќи го Луис Суарез.

Неговиот камбек беше крунисан со гол во 92. минута, со што го постави конечниот резултат.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *