Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако беше совладана од Словенија со 26-32.
Избраниците на Кире Лазаров имаа одличен почеток и на средина од првиот дел стигнавме и до предност од шест гола разлика (11:5).Се намалуваше нашата предност од минута во минута, па на одмор заминавме само со еден гол предност (16:15).
Во вториот дел Словенија брзо излезе од негатива, Македонија особено падна во финишот од мечот во кој противникот направи серија од 5-1 и на крајот победи со убедливи 32-26.
Филип Кузмановски со десет голови беше најефикасен наш ракометар, Митев постигна пет, а Пешевски четири. Митревски запиша девет одбрани.
Leave a Reply