Работнички со гол на Рушевиќ го доби Тиквеш

Фудбалерите на Работнички се радуваа на победа против Тиквеш од 1:0 о денешниот последен натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Работнички така се врати на победите по ремито со Гостивар и поразот од Вардар, а човек на одлука денес беше Анес Рушевиќ. Напаѓачот на дебармаалци во финишот од првиот дел од пенал го постигна голот кој се покажа како доволен за три бода.

Кога е табелата во прашање, Работнички сега е четврти со 44 бода, додека Тиквеш на 10-тата позиција во опасната зона има 18, колку и охридска Воска Спорт.

РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО:

Гостивар – Брера 2-2

Шкендија – Пелистер 1-0

Шкупи – Беса 2-3

Силекс – Вардар 1-1

Струга – Воска Спорт 1-0

Работнички – Тиквеш 1-0


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *