Македонската женска репрезентација загуби со 21-34 од Србија во првиот од двата пријателски дуели против Србија во Бор.
Катерина Дамјаноска беше прв стрелец во македонската репрезентација со шест голови.
На спротивната страна најефикасна беше Крпеж-Шлезак со седум голови, а еден помалку запиша Драгана Цвијиќ.
Вториот пријателски дуел меѓу овие две репрезентации ќе се одигра в сабота на 8 март.
Leave a Reply