Елмас доби пофалби од Ваноли: Задоволен сум, ама може да биде уште подобар

by

in

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас имаше импресивен почеток во дресот на Торино, веќе запишувајќи два погодоци. Неговите настапи не поминаа незабележано, а тренерот Паоло Ваноли во пресрет на натпреварот против Парма упати пофалби за македонскиот фудбалер.

Ваноли изјави дека Елмас брзо се адаптирал на новата средина и досега покажал квалитетна игра, но смета дека неговиот потенцијал допрва ќе дојде до израз.

„Прашањето дали Елмас е во топ-форма останува отворено, но верувам дека може да биде уште подобар. Од него очекував значителен придонес и задоволен сум од тоа што го прикажува на теренот. Истото важи и за другите две засилувања. Елмас поседува извонредна техника, а поради неговиот стил на игра понекогаш изгледа како да не троши многу енергија на теренот,“ изјави Ваноли.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *