Македонскиот шампион Пелистер со убедлив пораз го заврши својот настап во Лигата на шампионите за оваа сезона.
Пелистер од претходно ги загуби шансите за место во нокаут фазата, но пред полната сала сакаше достојно да се збогува со својата публика.
Сепак ПСЖ се покажа како многу посилен противник и заслужено дојде до висока победа. Францускиот тим постајно водеше, ја зголемуваше предноста и на крајот победи со 35-26.
Филип Кузмановски со осум гола беше најефикасен кај Пелистер, Пешевски постигна четири, а Тајник уште три. Голманите остварија девет одбрани од кои седум Филип Ивиќ, а две Никола Митревски.
Leave a Reply