Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Доривал Жуниор, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари на националниот тим.
Бразилците ќе влезат во новиот собир со исклучително силен состав, предводен од Винисиус Жуниор, Родриго, Рафиња, како и Нејмар, кој се враќа во репрезентацијата по 17 месеци пауза.
Тие ги очекуваат квалификациски натпревари за Светското првенство против Колумбија и Аргентина, а вториот дуел ќе биде можност за потенцијална пресметка меѓу Нејмар и Лионел Меси.
Бразил по 12 одиграни натпревари има 18 бодови, Колумбија е со 19, додека Аргентина е на врвот со 25 бода.
Leave a Reply