Глазгов Ренџерс и Лион стекнаа предност пред осминафиналните реванши во Лига Европа, откако славеа со 3:1 како гости кај Фенербахче, односно ФЦСБ. АЗ во Алкмар го победи Тотенхем, а дербито Реал Сосиедад-Манчестер јунајтед заврши без победник.
Џошуа Зиркзе ги донесе „ѓаволите“ во водство во 58-мата минута, но Микел Ојарзабал израмни од пенал во 70-тата.
Фенербахче загуби на свој терен со 3-1 од Ренџерс, кој поведе уште во седмата минута со гол на Десерс, а Фенербахче изедначи преку Џику во 30. минута.
На три минути пред крајот на првото полувреме Черни ја врати предноста на Глазгов, овојпат од 2-1, а истиот фудбалер во 81. минута ги постави конените 3-1 за шкотскиот тим.
АЗ Алкмар обезбеди минимална предност од 1-0 против Тотенхем. Лукас Бергвал од редовите на англискиот тим си постигна автогол во 18-тата минута.
Leave a Reply