ПМФЛ: Скопското дерби за Вардар, Струга ја „тресна“ Шкендија!

by

in

Фудбалерите на Вардар славеа победа во скопското дерби со Работнички од 0:2 и освоија важни три бода во битката за опстанок.

Натпреварот денеска беше отворен со голот на Спахиу во 36. минута од средбата. Во продолжение видовме уште по некоја прилика на двете страни, но за втор гол се чекаше до самиот финиш од средбата кога беа поставени конечните 0:2.

Пред голот на Спахиу удар од белата точка не реализираше Омерагиќ.

Бодови денеска освои и Струга која по три порази во низа успеа да слави со 3:0 и тоа против лидерот на табелата Шкендија. Ова беше и прва победа во вториот натпревар на клупата за Илчо Ѓорѓиоск.

Сите три гола домаќините ги постигнаа во вториот дел. Двапати стрелаше Радиќ и еднаш Радески.

Најубедливиот триумф во денешните дуели го оствари Силекс кој на гости ја прегази Беса со 0:5. На останатите две средби Пелистер со минимални 1:0 ја доби Воска Спот, додека Тиквеш и Шкупи ремизираа без голови, исто како и Брера – Гостивар

ТАБЕЛА: Шкендија 46, Силекс 44, Гостивар 41, Работнички 41, Струга 35, Шкупи 32, Пелистер 26,, Брера 21, Вардар 20, Воска Спорт 18, Тиквеш 16, Беса 15.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *