Дибиров го одигра последниот меч во ЛШ

by

in

Мечот меѓу Загреб и Кјелце кој го добија гостите со 27-26 беше посебно емотивен за Тимур Дибиров бидејќи тоа за него беше последен натпревар во Лигата на шампионите.

Дибиров во својот последен натпревар постигна два гола, а во кариерата вкупно во најквалитетното клупско европско натпреварување постигна над 1.200 погодоци. Симболично во денешниот натпревар Дибиров го постигна и последниот гол во натпреварот за Загреб.

Легендарниот ракометар на Вардар е икона во ова натпреварување кое двапати го освои со македонскиот тим.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *