Раководството на Јувентус донесе одлука да го откупи договорот на Пјер Калулу, кој минатото пристигна на позајмица од Милан.
Калулу пристигна на едногодишна позајмица за 3 милиони евра, а Јувентус следното лето ќе може да го откупи за додатни 14 милиони евра, плус 3 милиони како бонуси.
Меѓутоа, „бјанконерите“ се задоволни од Французинот и нема да го чекаат следното лето, па веќе го известиле Милан дека ќе го откупат договорот.
Калулу веднаш се наметна во првиот тим на „бјанконерите“ и игра одлично, па многумина сметаат дека Милан направи голема грешка што го пушти дефанзивецот кај големиот ривал.
Leave a Reply