ВМФЛ: Сигурни победи на Македонија Ѓорче Петров и Брегалница

by

in

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпревари од Втората лига.

Лидерот на табелата на Македонија Ѓорче Петров немаше проблеми и славеше сигурна победа над Новаци од 4:0. Победата фаворитот ја најави уште во првото полувреме кога погодуваа Велкоски и Кире Маркоски.

Во вториот дел Маркоски постигна и втор погодок, а во листата стрелци се запиша и Симеон Крстев.

Победа без поголеми проблеми забележа и Брегалница над Вардарски со по еден гол во двете полувремиња (2:0). Прво резултатот го отвори Калпачки, додека во вториот дел стрелаше и Стојан Поповски.

На табелата Македонија Ѓорче Петров е прва со 44 бодови, потоа следи Башкими со 42 и Брегалница со 40.

Детонит – Осогово 0-1
Кожуф – Скопје 0-1
Македонија ЃП – Новаци 4-0
Охрид – Вардар Неготино 1-0
Арсими – Победа 1-0
Беласица – Башкими 1-2
Борец – Каменица Саса 2-1
Брегалница – Вардарски 2-0


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *