Плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тижани Рејндерс денес стави потпис на нов договор до 2030 година.
Рејндерс игра фантастично во дресот на Милан и се промовираше во лидер на холандската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и неодамна почна преговори за продолжување на соработката.
Двете страни брзо стигнаа до договор и Рејндерс денес ја продолжи верноста до 2030 година.
Leave a Reply