Ристовски се извини за црвениот картон: Секој дуел доаѓа од желба да помогнам

by

in

Eкипата на Динамо Загреб денеска ремизираше во дербито со Хајдук (2:2).

Динамо имаше водство од 2:1 се до последните моменти кога Хајдук стигна до израмнување. Една од причините што не победија избраниците на Канаваро беше и црвениот картон на Стефан Ристовски.

Ристовсски направи два групи прекршоци во период од шест минути во вториот дел и предвреме го заврши на натпреварот.

По средбата македонскиот фудбалер испрати извинување.

„Сакам да се извинам на соиграчите и навивачите што заработив исклучување во важен натпревар. Секогаш давам се од себе и секој дуел доаѓа од желба да помогнам на тимот. Денес за жал тоа резултираше со исклучување со кое ја отежнав работата на своите соиграчи. Можам само да ветам дека нема да се предадеме. Додека постои и најмала шанса за одбрана на титулата, нема да се откажеме“, порача Ристовски преку социјалните мрежи.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *