Анчелоти: Ако играме вака, може да се збогуваме со Лига на шампиони

by

in

Реал Мадрид доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Бетис (1-2) во рамките на 26. коло од шпанската Ла Лига, резултат кој значително ги намали шансите на „кралевите“ да ја одбранат шампионската титула.

Иако натпреварот започна позитивно за гостите, тимот на Карло Анчелоти не успеа да го задржи ритамот и интензитетот во играта, што Бетис знаеше како да го искористи.

По натпреварот, Анчелоти не го криеше своето разочарување, отворено критикувајќи го настапот на своите фудбалери.

„Ако продолжиме со ваков пристап, Атлетико ќе нè елиминира од Лига на шампиони без проблеми. Очекувам тимот да покаже карактер и да реагира веднаш. Не смееме да си дозволиме уште едно вакво издание“, порача Анчелоти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *