Манчестер сити со нова снимка од Родри ги воодушеви навивачите (Видео)

by

in

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити и актуелен освојувач на „Златната топка“, Родри, започна со индивидуални тренинзи во обид да се врати на теренот по долгата пауза поради повреда.

Шпанскиот играч за врска ги скина лигаментите во септември, по што мораше да биде подложен на оперативен зафат. Рехабилитацијата поминува според очекувањата, а последниот напредок му овозможи да започне со работа со топка, иако сè уште тренира само индивидуално.

И покрај охрабрувачкиот напредок, сè уште не е познато дали Родри ќе успее да се врати на терените пред крајот на сезоната или ќе биде приморан целосно да ја пропушти.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *