Португалскиот тренер Жозе Мурињо го возврати ударот и испрати тужба до Галатасарај.
Имено Португалецот беше обвинет дека „не го почитува турскиот народ“ и дека е расист.
Поради овие обвиненија Мурињо беше казнет со 4 натпревари суспензија и парична казна од 42 илјади евра. Тренерот на Фенер ќе го тужи Галатасарај за морална штета и ќе се обиде да добие компензација од 1.907.000 лири што е околу 50 илјади евра.
бројот е симболичен бидејќи ја содржи годината на формирање на Фудбалскиот клуб Фенербахче – 1907.
Leave a Reply