За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека може да си бара нов клуб.
28-годишниот плејмејкер минатото лето одби неколку понуди со цел да се докаже дека вреди во тимот на Карло Анчелоти, но сега е и самиот сака да ја промени средината.
Оваа сезона добива мала минутажа, а таквата ситуација сака да ја исористи Милан кој е во потрага по квалитетен играч за врска.
Реал за слободата на Себаљос бара 15 милиони евра, сума која „росонерите“ се спремни да ја платат.
Leave a Reply