Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат медиумите на Островот.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е прва желба на Пеп Гвардиола.
Тео има договор со „росонерите“ до 2026 година и се уште нема ставено потпис на нов договор.
Бидејќи на лето ќе влезе во последната година од договорот Милан е спремен да го продаде за 50 милиони евра.
Leave a Reply