„Лауреус“ фондацијата донесе одлука да го исфрли Јаник Синер од листата кандидати за престижното признание спортист на годината кое тие го доделуваат.
Синер е исфрлен поради суспензијата за допинг која му беше изречена.
Лани наградата на „Лауреус“ му припадна на Новак Ѓоковиќ за остварувањата во 2023 година. Синер кој има 23 години, ќе беше силен кандидат за признанието, со оглед на тоа дека освои три од четирите гренслема во 2024 година.
Номинациите ќе бидат објавени на 3-ти март, а прогласувањето е на 21-ви април на церемонија во Мадрид.
Leave a Reply