Жозе Мурињо доби суспензија од четири натпревари поради скандалот по големото дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче. Според информациите, половина од казната е поради изјавата на Португалецот дека луѓето од клупата на Галатасарај „скокале како мајмуни“.
Од таборот на Галатасарај ова го оценија како појава на расизам. Останатите два натпревари казна се поради коментарите на „Специјалниот“ за турските судии.
Самиот Мурињо откри дека по последниот свиреж влегол во судиската соба и му рекол на четвртиот судија: „Ако дербито го судеше турски арбитар, ќе беше целосна катастрофа.“
Интересно е што информацијата за казната првично се појави во италијанските медиуми и сè уште не е официјално потврдена од Фенербахче или од некој од релевантните извори во Турција.
Leave a Reply