Милан продолжи со серијата лоши резултати и беше поразен од Болоња во заостанатиот натпрвар од 6-то коло во Серија А.
Во првото полувреме гледавме израмнета битка, но „росонерите“ успеаа да искористат една шанса во финишот и дојдоа до водство преку Рафаел Леао.
Во второто полувреме Болоња почна одлично и после две минути израмни преку Кастро.
Болоња продолжи со напаѓачката игра и во 82. минута преку Ндоје постигна втор гол, што се покажа како одлучувачки.
Leave a Reply