Баерн Минхен ја повлече понуда за Кимих

Раководството на Баерн Минхен ја повлече својата понуда за продолжување на договорот за 30-годишниот Џошуа Кимих.

Според „Билд“, челниците на баварскиот клуб биле иритирани од тоа што Кимих сè уште не дал одговор и не покажал желба да ги дискутира завршните детали од предложениот договор.

Ова не значи дека фудбалерот за врска сигурно ќе замине летово, но шансите за тоа се зголемуваат.

Понудата на Баерн беше делумно зголемување на сегашната плата која изнесува 20 милиони евра годишно. Доколку до крајот на сезоната дојде нова понуда од клубот, најверојатно таа ќе биде со полоши услови за играчот.

Баерн и Кимих уште во јануари се договориле фудбалерот да даде конечен одговор за својата иднина. Според „билд“, управата на клубот го информирала Кимих на почетокот на оваа недела дека ја повлекува понудата.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *