Ракометарите ја добија премијата за успехот на Мундијалот

По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство.

Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот настапи во градот Вараждин, Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето“, информираа од РФМ.

Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен Мундијал.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *