Александер Исак, ѕвездата на Њукасл, се наоѓа на врвот на листата на Барселона за летниот трансфер период.
Иако Роберт Левандовски игра на високо ниво и постигна 32 гол во сите натпреварувања, сепак тој веќе има 37 години, а Барселона бара долгорочна замена за него.
Исак сезонава импресионира во дресот на Њукасл, но, тој има амбиции да игра во Лигата на шампиони, што го тера да размислува за смена на клубот.
Поради ова, спремен е за промена на средината, а Барселона ќе мора да се избори со конкуренцијата, бидејќи Арсенал исто така покажа силен интерес за него.
Leave a Reply