Екипата на Струга го назначи Меритон Гега за следник на Ќатип Османи.
Османи го напушти тимот по поразот од Вардар во изминатиот викенд и ќе го води тимот утре против Гостивар во натпреварот од Купот на Македонија.
Гега веќе ја водеше Струга како прв тренер во последните три кола од минатата сезона и во нив успеа да ја обезбеди шампионската титула.
На клупата на Струга тогаш исто така во првиот натпревар го водеше тимот против Гостивар и Струга го доби тој натпревар со 1:0.
Leave a Reply