Алкалоид го дозна ривалот во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп

Освојувачот на ракометниот Куп на Македонија, екипата на Алкалоид, ќе се соочи со романскиот Баја Маре во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Баја Маре е еден од најконкурентните тимови во романското првенство и моментално се наоѓа на четвртата позиција со 35 освоени бодови. Заостанува 14 поени зад лидерот Динамо Букурешт, а досега има остварено 11 победи, 3 порази и 2 нерешени средби.

Алкалоид се надева на добар резултат во првиот натпревар, кој ќе биде клучен за пласман во полуфиналето.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *