Пирова победа на Македонија против Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја победи Полска со 88-74 во последниот меч од квалификациите за Евробаскетот.

Полјаците како домаќини беа директно пласирани, а ние без шанси за континенталниот собир.

Во натпревар без резултатско значење Македонија до вториот триумф ги предводеа Андреј Маслинко со 22 и Ти Џеј Шортс со 21 поени.

Македонија ги заврши евроквалификациите како третопласирана во групата Х од која место на Евробаскетот обезбедија Литванија и Естонија, како и Полска која заедно со Кипар, Летонија и Чешка ќе бидат кодомаќини на завршниот турнир од 27 август до 14 септември.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *