Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше по победата на неговиот тим со 0-2 против Лас Палмас.
Флик не беше задоволен од играта на своите избраници, но сепак е задоволен од победата.
„Се чувствувам некако уморен од овој меч. Ме исцрпи затоа што не одигравме најдобро. Тежок натпревар, од кој најважно е тоа што победивме. И кога не сме најдобри имаме играчи на клупата кои добиваат шанса да покажат што знаат. Голот на Олмо беше многу важен и за нас и за него. Неговото појавување на теренот беше многу позитивен момент“, изјави Флик
Со оваа победа, Барселона се врати на првото место, со еден бод предност пред второпласираниот Атлетико Мадрид.
„Мислам дека 5-10% секогаш зависат од поседот на топката и контролата. Не игравме онака како што посакувавме, па имавме повеќе проблеми од вообичаено“, додаде Флик.
Leave a Reply