Урнебесна реакција на германскиот гигант на дербито во Лигата на шампионите (Фото)

Денеска беа извлечени паровите за осминафиналето во европските натпреварувања, а секако најголемо внимание привлекува Лигата на шампионите.

Во осминафиналето најелитното европско натпреварување помеѓу останатите пресметки ќе гледаме и германско дерби помеѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Интересна реакција по добивањето на Баерн имаа во Леверкузен каде што објавија фотографија од познатата видео игра „ГТА“.

„Ох, сра*е. Одиме уште еднаш“, пишуа на фотографијата.

Од редовите на Леверузен со оваа реакција алудираа на честите пресметки помеѓу овие две екипи во последно време.