Арсенал почна да работи на трансферот на Исак

Арсенал сака да донесе врвен напаѓач, а примарна цел ќе биде ѕвездата на Њукасл, Александер Исак.

Швеѓанецот сака да игра во Лигата на шампиони, па е спремен да ја промени средината, а Њукасл најверојатно ќе биде приморан да го продаде.

Арсенал е најсериозен кандидат за потписот на Исак и е спремен да понуди 80 милиони фунти.

Тренерот Артета верува дека тоа е алката што му недостасува на Арсенал и го посочил Исак како приоритет, а раководството веќе работи на трансферот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *