Селекторот Грчевски го објави списокот на ракометарки за натпреварите со Србија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, г-дин Кристијан Грчевски го објавува списокот на повикани ракометарки за подготовки за време на ЕХФ националната недела во март 2025 година.

Во рамки на ЕХФ националната недела (03.03 – 09.03) женската сениорска селекција ќе оддигра две пријателски средби против селекцијата на Србија. Натпреварите ќе се оддиграат во Бор, Србија на 07.03 и 08.03.

Собирот на женската национална селекција е на ден 03.03.2025 (понеделник) со почеток во 09.30 часот во малата спортска сала при Спортски Центар Јане Сандански во Скопје.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *