Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите, а ПСВ Ајндховен и Јувентус ќе играат продолженија.
Реал Мадрид полесно од сите очекувања го победи Манчестер Сити, а Ѕвезда на вечерта беше Килијан Мбапе кој постигна хет-трик.
Серијата ја почна уште во четвртата минута, во првиот дел даде уште еден гол, а во 61. минута го постигна третиот погодок.Сити успеа во 92. минута само да го ублажи резултатот со гол на Нико.
Пари Сен Жермен немаше милост против Брест и го победи со високи 7:0.
Leave a Reply