Поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати вели дека имал можнос да го ангажира Лео Меси, а најголема неостварена желба му е Андрес Иниеста.
На прашањето дали има играч за кој жали што не успеал да потпише за Интер, Морати беше категоричен:
„Иниеста! Бевме во период кога имавме економска моќ. Не велам дека можевме да си го дозволиме секој играч во светот, но ситуацијата беше речиси таква. Се обидовме со Барселона, го испробавме секој дипломатски начин на сите фронтови. Дури и со посредници бевме таму лично, се обидовме да започнеме разговори. Барселона беше подготвена да продаде кој било играч, но не и Иниеста. Можевме да дадеме и нереална понуда, но сепак сами ќе се вратевме во Милано“, изјави Морати.
Морати потоа откри дека сакал да го ангажира и Лео Меси, но се повлекол откако дознал дека Барселона се грижи за здравјето на Аргентинецот.
„Го следевме на Светското првенство за играчи до 18 години, но кога дознав што се Барселона прави и како се грижи за неговото здравје, се откажав, ви се колнам“.
Leave a Reply