Баерн Минхен после драма буквално во последните секунди обезбеди осминафинале против Селтик, Клуб Бриж ја шокираше Аталанта.
Баварците имаа минимална предност од првиот меч во Шкотска, но се мачеа да постигнат гол, а Селтик поведе со 0-1 со погодокот на Кун.
Алфонсо Дејвис со гол во 94-та минута го спаси Баерн и не дозволи мечот да замине во продолженија.
Бриж ја совлада Аталанта и се пласирабво осминафиналето. Талби даде гол за водство на Бриж од 1-0, истиот играч во 27. минута зголеми на 2-0, а во финишот од првиот дел Џутгла реализираше за 3-0.
Аталанта имаше многу шанси, неколку пати ја погоди стативата, а Мињоле одбрани и пенал. Лукман на стартот на вториот дел намали на 1:3, но тоа беше се што направија домаќините.
Leave a Reply