Ибрахимовиќ: Мечот со Феенорд е како финале

Милан утре го пречекува Феенорд во реванш дуелот од плеј-офот во Лигата на шампиони.

„Росонерите“ бркаат негатива од 1:0 од првиот дуел, а Ибрахимовиќ истакна дека за клубот овој меч е како финале.

„Очекувам Милан да биде поконкретен, треба да влеземе во натпреварот со менталитет како финале, а само победа нè води понатаму. Феенорд беше тим кој дома пред своите фанови секогаш игра поинаку. Ние мора да останеме фокусирани на својата игра. Милан има неверојатна историја во Лигата на шампионите, па ова е натпревар кој сакаме да го добиеме. Милан секогаш сака да стигне што подалеку во ова натпреварување. Овие моменти се убави, кога има толку висок ризик на масата“, изјави Ибрахимовиќ.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *