Зидан откри за што жали во кариерата

Легендата на францускиот и светскиот фудбал,  Зинедин Зидан, призна дека жали што никогаш не играл за Олимпик Марсеј, клубот од неговиот роден град.

„Марсеј е во одлична форма во моментов. Не сум играл таму – имаше само желба, но не се оствари. Кога ќе го посетиш нивниот стадион и ќе ја разгледаш инфраструктурата, сфаќаш дека станува збор за навистина голем клуб. Таму се случуваат интересни работи“, изјави Зидан.

52-годишниот Зизу ја заврши својата кариера во јули 2006 година. Зидан играше за Кан, Бордо, Јувентус и за Реал Мадрид, каде подоцна стана тренер и го водеше клубот до три титули во Лигата на шампионите.

За време на својата кариера, тој постигна 125 голови и забележа 141 асистенција во 689 настапи.