Гвардиола руши рекорди за ѕвездата на Леверкузен

Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.

Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Тој минатото лето остана во Леверкузен, но на крајот на сезоната сигурно ќе ја промени средината, а битката за неговиот потпис веќе започна.

Сити на лето најверојатно ќе остане без Де Брујне, па нема да жали пари да го доведе Германецот на „Етихад“

Пеп Гвардиола е уверен дека Вирц би бил одлично засилување за „граѓаните“ и подготвен е да ја плати над 100 милиони евра.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *