Манчестер сити остана без важен фудбалер пред реваншот со Реал Мадрид

Проблемите за Манчестер Сити продолжуваат да се таложат во клучниот дел од сезоната.

Англискиот шампион се соочува со тежок предизвик на „Сантијаго Бернабеу“, каде што ќе мора да брка позитивен резултат против Реал Мадрид, но во меѓувреме пристигнаа загрижувачки вести кои дополнително ги комплицираат нивните планови.

Швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи ќе го пропушти реваншот со „Кралскиот клуб“ поради повреда, што претставува голем удар за одбраната на Пеп Гвардиола.