Познати деталите од астрономската понуда за Винисиус

Агентите на Винисиус се во контакт со претставници на шампионатот на Саудиска Арабија, каде не се откажуваат од наремата да го донесат Бразилецот.

„Винисиус се сретнал лично со Саудијците и размислува за понуда што неговите блиски луѓе ја нарекуваат понуда што не може да се одбие бидејќи вреди милијарда евра“, ексклузивно пренесува „Марка“.

Застапниците на Винисиус одржаа состанок во Прага со потпретседателот на Лигата на Саудиска Арабија, Саад Ал-Лазиз, на кој беше објавена понудата на околу 200 милиони евра годишно за пет години.

Договорот на Винисиус со Реал Мадрид истекува во 2027 година. Претходно беше објавено дека претставниците на играчот не биле задоволни од понудата на клубот за продолжување на договорот.


Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *